Во последната недела од април, 28 и 29 април се датуми што нè потсетуваат на две важни теми во современото работно и животно опкружување – безбедноста и подигнувањето на свеста за бучавата. Токму оваа недела, кога се одбележуваат Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и Меѓународниот ден за подигање на свеста за бучавата, уште еднаш се нагласува значењето на создавање средини што не се само безбедни, туку и здрави, функционални и удобни за луѓето.
Ова дополнително нè потсетува дека квалитетната средина значи повеќе од исполнување на основните безбедносни стандарди. Бучавата често ја забележуваме дури тогаш кога почнува да влијае на нашата концентрација, одмор и секојдневно функционирање. Несаканите звуци можат значително да го нарушат фокусот и продуктивноста, да влијаат на квалитетот на спиењето и на општата благосостојба, поради што бучавата денес е препознаена како еден од водечките ризици за здравјето на животната средина во Европа.
Во склоп на иницијативата Knauf Learning Week, која се одржа во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, организиравме обука за безбедност и посета на фабриката „Кнауф Радика“ за колегите од Скопје, Дебар, како и за колегите од Тирана и Приштина, односно за сите оние кои не работат во производство.
Целта на оваа активност беше учесниците поблиску да се запознаат со безбедносните процедури, правилата и практиките што секојдневно се применуваат во производствена средина, како и да се подигне свесноста за значењето на безбедноста при работа на сите нивоа во компанијата.
Истовремено, покрај безбедносните заштитни мерки, звучната удобност треба да се земе предвид уште во фазата на дизајнирање и изградба на просторот – без разлика дали станува збор за домови, канцеларии или индустриски објекти. Во тој контекст, акустичните карактеристики на Кнауф гипсените плочи имаат значајна улога во создавањето поквалитетни внатрешни простори. Во комбинација со соодветни системски решенија, тие придонесуваат за подобра звучна изолација, намалување на преносот на бучава меѓу просториите и подобрен акустичен комфор.
Во рамки на обуката, презентација за безбедноста и превентивните мерки за заштита при работа одржа компанијата Tosha Albania, а нашите соработници Extrabis – Скопје одржаа презентација на тема типови на PPE и нивна правилна употреба. Им благодариме за нивното учество, како и за корисните информации и практични насоки што ги споделија со присутните.
Обуката уште еднаш ја потврди важноста на безбедноста како заедничка одговорност и како составен дел од нашата организациска култура. Со вакви активности, Кнауф продолжува да ја јакне свеста дека безбедноста не е само процедура, туку вредност што сите ја живееме и применуваме секој ден. Истовремено, преку решенија со високи акустични перформанси, придонесуваме кон создавање потивки, поздрави и попријатни простори – затоа што подобрата звучна удобност значи и подобри згради.
#knaufmacedonia #buildonus #safetyday











