Поп-ѕвездата, Оливија Родриго, откри дека една од нејзините најголеми маани е тоа што не знае да чува тајни.
Во интервју за магазинот „Космополитен“, пејачката признала дека често кажува работи што треба да останат приватни.
„Имам предолг јазик. Тоа ми е една од најлошите особини. Секогаш заборавам дека некои работи треба да останат тајна“, рекла Родриго низ смеа.
Таа открила и дека тројца од петтемина момчиња со кои била во врска се родени во знакот Близнаци.
Пејачката зборуваше и за тоа што бара од идниот партнер, велејќи дека мора да може да се дружи со неа и нејзината најдобра пријателка Медисон Ху.
„Ако не може да седи, да се дружи и да игра карти со мене и Медисон, тогаш не може ни со мене“, изјавила таа.
Родриго неодамна го најави и својот трет студиски албум You Seem Pretty Sad for a Girl So in Love, кој треба да излезе на 12 јуни.







