Двајца уапсени во Струмица: поднесена кривична пријава, расчистено разбојништвото

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против С.Х.(27) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х.(25) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик.

На 21.04.2026 во 18:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Струмица, пријавениот С.Х. физички го нападнал Р.Д.Р.(36) од село Мокрино, струмичко, при што му го одзел мобилниот телефон и побегнал.

Мобилниот телефон е пронајден кај второпријавениот А.Х., од кого е одземен и вратен на оштетениот.

Scroll to Top