Торонто и Детроит изборија мајсотрки, Лејкерси го елиминираа Хјустон

Во ноќта помеѓу петок и сабота во НБА лигата, само Лос Анџелес Лејкерс ја искористија првата меч топка за да се пласираат во четвртфиналето од плејофот.

Лос Анџелес Лејкерс го елиминираа Хјустон со победа од 98-78 во шестиот натпревар од првото коло од плејофот на Западната конференција.

Лејкерси ќе играат против првопласираната Оклахома во второто коло, а првиот натпревар е во вторник во Оклахома Сити.

Лос Анџелес се пласираше во второто коло за прв пат од 2023 година, кога загубија од Денвер во финалето на Западот, иако беа без најдобриот стрелец Лука Дончиќ во текот на целата серија.

Леброн беше најдобриот поединец на средбата со 28 поени, седум скока и осум асистенции, додека Хачимура додаде 21 поен со пет тројки.

Амен Томпсон постигна 18 поени, додека Алперен Шенгун имаше 17 за Хјустон.

Детроит Пистонс направија неверојатен пресврт, се вратија од минусот од 24 поени и победија во Орландо со 93-79.

Детроит заостануваше со 22 поени на полувремето, а водството на Орландо порасна на 62:38 на почетокот на третата четвртина. Се чинеше дека Меџик се на пат да станат седмиот тим, кој од осмото место го елиминирал првопласираниот во првото коло од плејофот.

И потоа сè тргна наопаку за Орландо.

Орландо промаши дури 23 последователни шутеви од поле, Детроит направи серија од 35:5.

Тобијас Харис постигна 22 поени за Детроит, кој ќе биде домаќин на одлучувачкиот седми натпревар во недела. Паоло Банкеро и Дезмонд Бејн постигнаа по 17 поени за Орландо.

Еј-Џеј Барет погоди тројка на 1,2 секунди до крајот на продолжението, а Торонто Репторс ги победија Кливленд Кавалирс со 112-110 и се изборија за мајсторка.

Еван Мобли имаше шанса да му донесе победа на Кливленд, но по неговиот шут, топката го погоди предниот дел од обрачот и заврши надвор. Скоти Барнс постигна 25 поени и 14 асистенции, Барет и Џејкоб Волтер постигнаа по 24 поени, додека Колин Мареј-Бојлс додаде 17, за Торонто

Седмиот натпревар е во недела во Кливленд.

Scroll to Top