Не го чистете телевизорот со влажни марамчиња, може трајно да го оштетите екранот

Современите телевизори бараат внимателно одржување, а користењето влажни марамчиња и агресивни средства за чистење може трајно да го оштети екранот.

Екраните на поновите LED, OLED и QLED телевизори имаат заштитни слоеви што лесно се оштетуваат од состојки како алкохол, амонијак или оцет, што може да предизвика појава на трајни матни дамки.

Дополнителен ризик претставува и грубата текстура на влажните марамчиња, која може да создаде микроскопски оштетувања и да овозможи навлегување на влага во внатрешноста на уредот.

За безбедно чистење се препорачува сува микрофибер крпа, а при посилни нечистотии – благо навлажнета со дестилирана вода, нанесена само на крпата, а не директно на екранот.

Scroll to Top