Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрзано одобри испорака на оружје вредно осум милијарди долари за Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, повикувајќи се на „вонредна состојба“.
Според Стејт департментот, државниот секретар Марко Рубио оценил дека постои итна потреба за продажбата, со што е заобиколена вообичаената процедура во Конгресот.
Пакетот вклучува системи за противвоздушна одбрана, ракети со ласерско наведување и проектили за системот „Патриот“.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, ова не е првпат администрацијата на Трамп да користи итна процедура за забрзување на испораки на оружје од почетокот на конфликтот со Иран.







