(Видео) Владата ја турка државата во финансиска бездна со нови задолжувања, рече Кузеска од СДСМ

СДСМ обвини дека Владата за првите три месеци од годинава ја задолжила државата за нови 700 милиони евра, оценувајќи дека земјата се турка во „финансиска бездна“.

На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека за две години јавниот долг е зголемен за 2,3 милијарди евра и сега изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра.

Според СДСМ, станува збор за нето задолжување, односно нов долг по одбивање на веќе вратените обврски.

Од партијата тврдат дека и покрај задолжувањата нема зголемување на платите, мерки против поскапувањата ниту поддршка за граѓаните.

СДСМ посочи и дека буџетскиот дефицит за првите три месеци изнесува 408 милиони евра, што според нив е доказ за лошо управување со јавните финансии.

Scroll to Top