Чудо во Швајцарија: Влегоа во лигата и ја освои титулата, прва во 127 години

Неверојатен успех постигнаа фудбалерите на Тун, сезонава се најголемото изненадување во сите европски лиги.

Тун, благодарение на поразот од второпласираниот Сент Гален против Сион (0:2), математички го обезбеди првото место во плејоф групата за титулата и пласман во Европа.

Ден претходно, Тун претрпе втор последователен пораз во плејофот (против Базел), но досега собра доволно бодови и се оддалечи од своите ривали. Главната улога во нападот ја одигра македонскиот репрезентативец Елмин Растодер. Со учинок од 13 постигнати голови и седум асистенции

Титулата на клубот од Берн Оберланд добива уште поголемо значење ако се земе предвид дека минатата сезона тимот играше во втората лига. Ова е нивниот прв трофеј во историјата на клубот.

Досега, тие одиграа само две финалиња на Купот, и двете ги загубија, а еднаш го завршија првенството на второто место (2005).

Последен пат во 1952 година, се случи еден тим да влезе во елитниот ранг и да ја освои титулата за две сезони. Тогаш тоа го направија фудбалерите на Грасхоперс.

foto/ EPA

Scroll to Top