(Видео) Фудбалер настрада од факел, има изгореници и хематом на тестисите

На натпреварот помеѓу боливиските клубови Стронгест и Блуминг, кој се играше во Ла Паз, се случи сериозен инцидент кога навивачите на домашниот клуб фрлија пиротехнички средства на теренот. Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето, а еден факел директно го погоди фудбалерот на домашниот тим Стронгест. Станува збор за парагвајскиот интернационалец, 32-годишниот Хуан Годој. Тој се здобил со сериозни повреди, изгореници од прв степен на десната бутина и хематом на тестисите. Полицијата уапси три лица, а раководството на клубот објави укинување на привилегиите за домашните ултраси. Натпреварот заврши со победа на Стронгест од 3:2. Foto/ facebook.com

Scroll to Top