Поранешниот ас на Милан организирал забави со ескорт девојки

Тео Ернандез (28), левиот бек на Ал-Хилал и француската репрезентација, е во центарот на скандал во Италија. Ернандез, од 2019 до 2025 година, беше клучен играч на Милан, за кого одигра 262 натпревари со 34 гола и 45 асистенции. Фабрицио Корона објави видео од забавата со Ернандез и неколку жени и мажи.

Заедно со приложеното видео, Корона наведува: „Тео Ернандез му се јавуваше на некого за да нарача ескорт услуги. Тео беше шеф, организатор на „ескорт забави“. Дури и купи комбе специјално за тие забави.“

Тој открива кои од познатите фудбалери учествувале на тие забави: „Хакан Чалханоглу, Брахим Дијаз, Самуел Кастиљехо, Џиџо Донарума, Сандро Тонали, Златан Ибрахимовиќ (еднаш), Рафа Леао (само неколку пати). Сите тие играчи на Милан одржуваа добри односи со Чалханоглу, и покрај тоа што тој се пресели во Интер.“

Видеата покажуваат како гостите дуваат балони. Корона објаснува зошто: „На тие забави, тие консумирале дрога позната како гас за смеење“, што е популарното име за азотен оксид.

Истиот извор наведува: „Понекогаш возачот на комбето дури му велел на Тео да престане да го вдишува гасот од балонот велејќи: „Доста е имаш натпревар утре!“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top