„Претседателот на Реал секогаш глуми дека е жртва и постојано тврди дека е прогонуван“

Флорентино Перез, вчера одржа прес конференција, која предизвика големи реакции во шпанската фудбалска јавност. Првиот човек на „кралскиот клуб“, се расправаше со новинарите, го впери прстото во Барселона, за како што рече најголемиот скандал во историјата на фудбалот (мислеше на аферата Негреира) и се пожали дека да не биле судиите ќе освоел со Реал не седум туку 14 шампионски титули во Шпанија.

По говорот на Перез, експресно се огласија од Барселона. Клубот објави дека анализираат и дека нивниот правен тим ќе покрене тужба против претседателот на Реал.

Експресно на Перез му одговори и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Познат како човек кој нема проблем да ги критикува најмоќните клубови во светот, како што се Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Барселона, Тебас реши силно да гму реплицира на Перез.

„Тажно е што човек како Флорентино, со таков деловен углед и она што го направи за Реал, мора да се потпре на лаги и да кажува такви работи. Еднаш му одговорив преку социјалните мрежи. Понекогаш вели дека сме им дале на медиумите 25.000.000 евра, понекогаш 10.000.000. Тоа е лага. Дури дојдоа да ги видат нашите сметки“, рече Тебас.

Претседателот на Ла Лига продолжи да го критикува првиот човек на Реал.

„Перес е човек кој глуми жртва и постојано тврди дека е прогонуван. Го форсира тој наратив, па има и такви кои му веруваат. Јас сум навивач на Реал Мадрид, но понекогаш е неверојатно колку многу лажат“.

Конечно, тој коментираше за претседателските избори во клубот од Мадрид, кои треба да се одржат наскоро.

„Претседателот на Реал Мадрид ќе го направи она што смета дека е најдобро за клубот. Оставката и распишувањето избори не се меѓу неговите опции. Перес е претседател на клубот, па затоа најдобро ја познава ситуацијата“, заклучи Тебас.

Претседателот на Ла Лига одамна е познат по своите остри коментари за најтрофејниот шпански клуб. Тој рече дека Реал е единствениот клуб што создава тензии во шпанскиот фудбал и дека го изгубиле контактот со реалноста.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top