Канскиот филмски фестивал официјално започна завчера, а бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста имаа можност да ги покажат своите најблескави креации.
Една убавица, добро познато лице на светот на манекенството – Хајди Клум, исто така привлече внимание на црвениот тепих.
Иако зачудувачката Германка претпочита смели креации кога станува збор за големи настани, овој пат реши да го промени својот пристап кон модата и да ја покаже својата нежна страна. Имено, Хајди избра креација од либанскиот дизајнер Ели Саба за оваа посебна пригода, а фустанот во боја на праска е дел од колекцијата есен/зима 2025.
Станува збор за скулптурален фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура. Преголемиот цвет, централниот мотив што ги нагласува градите на Хајди, исто така беше забележлив. Не треба да се изостават отворените рамена, што ѝ дадоа на целата креација женствен шмек.
Што се однесува до фризурата, познатата убавица се одлучи за старохоливудски гламур, односно избра бранови што слободно паѓаа по рамената, а за шминка носеше впечатливи бои што ги истакнуваа нејзините црти на лицето.







