(Фото/Видео) Таа беше и останува вистинска дива: на 89 години ги воодушеви сите на Канскиот фестивал

79-от Кански филмски фестивал угости бројни познати личности од целиот свет, а првата вечер од овој престижен настан, секако, беше обележана со парада на ѕвезди на црвениот тепих.

Додека некои убавици се фокусираа на луксузните кроеви на своите фустани, други се фокусираа на својот негуван изглед. На пример, Џејн Фонда, со минимален напор и блескава насмевка, ги привлече сите погледи на црвениот тепих.

Актерката се појави во макси фустан со рамен крој и долги ракави. Деталите на креацијата беа исто така интересни – светки кои го истакнуваа гламурот на оваа легендарна холивудска дива, но и преголема огрлица која беше главен адут на овој стил.

Џејн Фонда го надополни изгледот со брановидна боб фризура, како и впечатлива шминка, која го истакна нејзиното негувано лице.

И тука лежи целиот нејзин шарм, кој многумина го обожаваат. Луѓето сè уште не можат да поверуваат дека Џејн Фонда изгледа вака на 89-годишна возраст.

Scroll to Top