Најпознатата српска инфлуенсерка, Тамара Калиниќ, прошета по црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги остави сите без здив. Оваа убавица редовно воодушевува со своите модни изданија, кои ја направија позната, но сега ги помести границите.
За познатиот Кан, таа го избра најмодерниот фустан, елегантен и провокативен, но до степен до кој дозволуваат правилата на Фестивалот.
Тамара позираше во црн фустан со шлиц што ги откриваше нејзините долги нозе, додека на градите имаше интересно деколте зашиено во форма на плетенки.
Скоро невидливи сандали во боја на кожа со тенки ремчиња совршено одеа со масивна златна огрлица, а косата ја собра на страна и ја закачи со шноли.
Сè беше во стилот на Французинка, дама со најмногу стил, а Тамара уште еднаш покажа зошто секогаш е меѓу гостинките на престижни настани.







