Хари и Меган снимаат филм за војната во Авганистан, нов голем проект за „Нетфликс“

Војводата и војвотката од Сасекс работат на филмска адаптација на мемоарите на еден британски војник, а сценариото го пишува автор номиниран за Оскар.

Принцот Хари и Меган Маркл работат на нов филмски проект за „Нетфликс“, а станува збор за адаптација на воените мемоари „No Way Out: The Short True Story of Men Under Opservations“, кој раскажува за настаните од војната во Авганистан.

Филмот ќе биде продуциран од нивната компанија Archewell Productions, а меѓу продуцентите се Хари, Меган и Трејси Рајерсон, која е задолжена за сценаристичкиот дел од продукцијата.

Книгата ја следи приказната за британскиот мајор Адам Џовет и единица на Кралските ирски ренџери за време на мисија во авганистанскиот град Муса Кала во 2006 година.

Проектот има и посебна симболика за принцот Хари, кој за време на неговите десет години служба во британската армија двапати бил во Авганистан.

Сценариото за филмот е напишано од Мет Чарман, сценарист номиниран за Оскар за филмот „Bridge of Spies“.

Мемоарите „No Way Out“ беа објавени во 2019 година и добија бројни позитивни критики, додека читателите на Amazon ја оценуваат книгата многу високо.

Претходните проекти на Хари и Меган вклучуваат документарци и серии како што се „Heart of Invictus“, „Live to Lead“ и „The Me You Can’t See“.

Покрај овој филм, двојката моментално работи на адаптации на романите „The Wedding Date“ и „Meet Me at the Lake“.

Американското списание „Variety“ претходно напиша дека Хари и Меган имале несогласувања со „Нетфликс“ поради недостатокот на успех на одредени проекти, а новиот филм е дел од нивниот тековен договор со стриминг платформата.

фото/Depositphotos

Scroll to Top