Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“.
СДС и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не нарекуваат со тој термин, туку тие се горди на своето дело и за нив тоа претставува и голем успех.
Како пиун на новиот бугарски премиер, Румен Радев, како некогаш Заев на Борисов, Филипче и неговата СДС немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти.
Само за нив, нема ништо лошо Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат нивни и нашиот македонски јазик да го сметаат за дијалект на бугарскиот јазик. Ова негирање СДС и Венко Филипче дури и не го ни гледаат.
Како приврзаник и послушник на Радев, Филипче и СДС се единствените кои повикуваат прифаќање на бугарскиот ултиматум и бараат итно спроведување на уставните измени, кои се првиот чекор од сетот барања кои самата Бугарија, односно нејзините власти, јасно кажуваат дека понатаму ќе ги има.
Ова само докажува дека СДС и Венко Филипче се на иста линија со Бугарија, барањата, ставовите и речникот им се исти. Нема разлика меѓу официјална Софија, СДС и Филипче.
Вака отворено против својата држава и народ може да делува и работи само уценет политичар, друго објаснување за ваквата антидржавна политика, нема.
Иако изминативе дена јавно го прашуваме, Филипче молчи и одговара со што толку е уценет од група бугарски политичари за вака антидржавно и антинародно да се однесува, и дали во оваа уцена е вклучен и неговиот ментор, Зоран Заев.
Кога веќе Филипче не одговара на прашањата, му упатуваме апел да се вразуми и да почне да работи и делува во заштита на македонските интереси, а не како до сега главен лобист на бугарската агенда.
На Македонија и се потребни јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање и последната отстапка што државата ќе ја направи на евроинтегративниот пат и тоа може да се постигне само со национален консензус на сите домашни политички чинители.
Влезот на Македонија во ЕУ треба и мора да биде достоинствен, како што прилега на една горда и исправена држава, со исполнети Копенхашки критериуми, а не понижена со национални и идентитетски отстапки“, се вели во соопштението.







