Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 20 минути, на ГП Дојран времето на чекање е околу 15 минути, на ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

Scroll to Top