Кралицата Летиција го поминува летото на Мајорка со своето семејство, а нејзините најнови фотографии се само уште еден доказ дека таа е најдобро облечената жена во Европа. Иако е на одмор, Летиција извршува и некои кралски должности, па посети изложба и ги шармираше сите со своето модно издание. Дури и кога е во лежерни, секојдневни комбинации, Летиција држи лекција по стил. Овој пат се појави во розов фустан од модната куќа Hugo Boss, а интересно е што претходно не сме ја виделе во овој фустан, со оглед на тоа што кралицата е позната по тоа што го „рециклира“ својот гардеробер. Овој модел на фустан беше во А-крој, беше памучен и лелеав, а деколтето во форма на срце го правеше уште поинтересен. Фустанот на кралицата Летиција одговара на секоја жена бидејќи совршено ги крие сите недостатоци, а воедно создава илузија на подигнат струк, со што ја ослабува секоја фигура. Таа го искомбинираше со едноставни еспадрили и уште еднаш ги покажа своите модни вештини. фото: принтскрин
