(Видео) Погледнете како играчите на Арсенал го дочекаа моментот на крунисувањето

Арсенал ја освои титулата во Англија по 22 години, откако Манчестер Сити одигра нерешено 1:1 на гостински терен против Борнмут во 37-то коло од Премиер лигата.

Арсенал има 82 бода, што е за четири повеќе од Сити, во пресрет на последната рунда. Клубот од Лондон ја освои 14-та титула шампион на Англија, прва по сезоната 2003/04 кога беше непоразен.

Веднаш по завршувањето на натпреварот на „Виталити“ во Борнмут, навивачите на Арсенал почнаа да се собираат во Северен Лондон, пред стадионот на новиот шампион на Англија, каде што започна прославата.

Исто така, многу емотивно беше по тренингот на Арсенал, играчите го гледаа крајот на она што се покажа како драматичен натпревар помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, а кога судијата означи крај на натпреварот, имаше неопислива прослава на новите победници на Премиер лигата.

Арсенал ќе има можност да ја освои и Лигата на шампионите, со оглед на тоа што ќе се бори за трофејот со Пари Сен Жермен во Будимпешта.

Scroll to Top