Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
За време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во четврток повторно за очекуваат врнежи.







