(Видео) Турист лице в лице со мечка пред шаторот

Видео од турист кој решил да го помине одморот во природа кружи на социјалните мрежи. Поради оваа причина, тој поставил шатор, и следело морничаво изненадување. Имено, кога ги отворил очите, видел огромна мечка пред себе, на мала оддалеченост. Како што може да се забележи на видеото, човекот успеал да ја задржи смиреноста и да ја вклучи камерата, која го снимила љубопитниот див ѕвер. За среќа, мечката не била премногу заинтересирана за гостинот, па по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата.

Scroll to Top