(Фото) Ќерката на Џенифер Лопез го смени името: Се претставува како Оскар

Ема Марибел Муниз, ќерка на музичките ѕвезди Џенифер Лопез и Марк Ентони, го смени името во Оскар Муниз и се претставува како маж на социјалните мрежи.

На профилот на Инстаграм каде што се објавува на кои колеџи ќе се запишат матурантите од училиштето Виндвард, оваа 18-годишна девојка е потпишана како Оскар Муниз, а објавена е и нејзината фотографија од детството.

Таа планира да се запише на колеџот Сара Лоренс на есен, на насока театарска уметност. Во описот на публикацијата е означен нејзиниот профил, чија биографија содржи два симбола: ⚣ (означува геј мажи) и ⚧ (претставува трансродов). На оваа социјална мрежа, таа исто така изјави дека сака да биде ословувана во машки род.

Џенифер Лопез и Марк Ентони сè уште не ги коментирале шпекулациите дека Ема одлучила да го промени својот пол. Поранешната двојка има и син, Макс.

Неодамна, за време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо“, пејачката, зборувајќи за матурата на своите деца, рече дека плаче два месеци додека се подготвуваат да го напуштат домот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Таа откри дека децата се одлучиле за различни колеџи и додаде дека најважно за неа е да бидат среќни и да прават што сакаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

фото/Depositphotos

Scroll to Top