Џамал Мареј нема да биде дел од репрезентацијата на Канада во наредниот период, што значи дека ќе ги пропушти Мундобаскетот и Олимписките игри. Ова веројатно значи крај на кариерата во националниот тим за големата ѕвезда на Канада.
Канадскиот селектор Гордон Херберт го објави списокот на играчи на кои смета за претстојните квалификации за Светското првенство во 2027 година, како и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Очекувано, Канаѓаните ги предводи актуелниот МВП на НБА лигата, Шеј Гилџис-Александер.
Квалификациите за Светското првенство започнуваат следниот месец, а Канада ќе игра во Онтарио против репрезентациите на Порторико и Јамајка.
Уште еден квалификациски турнир ќе се одржи во Квебек на 31 август.
Во составот недостасуваат две големи имиња, Џамал Мареј од Денвер и Ендру Вигинс од Мајами. Двајцата нема да играат ниту на Мундобаскетот ниту на Олимписките игри.
„Ако играчите не се обврзат да играат ова лето, тие нема да бидат во тимот“, рече Херберт во понеделникот.
Според новите правила воведени од селекторот Гордон Херберт и генералниот менаџер Роуан Барет, само играчите кои се подготвени да се посветат на тригодишна програма на националниот тим, што вклучува патување на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри во 2028 година, можат да бидат дел од тимот.
Canada Basketball 🇨🇦 unveil their 24-man player pool for the upcoming windows of FIBA Basketball World Cup Qualifiers. #FIBAWC
(via @CanBball) pic.twitter.com/ifju1AAl62
— FIBA Basketball (@FIBA) June 1, 2026







