(Фото/Видео) Ја раскина свршувачката и стана вистинска заводничка: Никогаш не била толку секси

Нина Добрев ја краси новата модна кампања на брендот „Only Natural Diamonds“ и може да се каже дека никогаш не изгледала подобро.

Актерката Нина Добрев стана вистинска сензација на мрежите по раскинувањето на свршувачката. Иако секогаш ги пленеше погледите со својата природна убавина, интернет заедницата одеднаш полуде по нејзиното раскинување со Шон Вајт.

Многумина во тоа време правеа компилации од фотографии и видеа од стилот на Нина во и по врската, и заклучија дека таа процветала откако го сменила љубовниот статус во „слободна“.

Нина неодамна поттикна уште една лавина од коментари на мрежите откако позираше за брендот „Only Natural Diamonds“. Таа стана новото лице на луксузниот бренд за накит, а за фотосесии носеше разни ретро модни парчиња кои ја истакнуваат нејзината фигура, но и секси црна ноќница која привлекува воздишки и погледи.

Својот стил го комплетираше со волуменозен миди боб кој ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето, а носеше и темна шминка – во согласност со нејзината заводлива енергија.

Коментарите од обожавателите на Нина постојано пристигнуваа, а многумина ѝ велеа дека е нереална.

„Прекрасна е“, „Овој стил е совршен“, „Нина, те сакаме“, се само дел од коментарите…

Scroll to Top