(Фото) Три недели по породувањето, позираше во бикини и ги воодушеви своите обожаватели

Дилета Леота го роди своето второ дете, момчето Леонард, пред помалку од еден месец, а веќе ги воодушеви сите на социјалните мрежи со својот изглед.

Познатата водителка, Дилета Леота, стана мајка по втор пат. Заедно со нејзиниот партнер Лорис Каријус, таа доби син пред помалку од еден месец, а родителите веднаш ја објавија среќната вест на социјалните мрежи.

Дилета покажа неколку семејни моменти, но и завидна фигура во бикини.

На едната од фотографиите, Дилета позира во бел костим за капење, опкружена со деца, додека на другата носи комплет, топ и панталони, па сите видоа дека убавата водителка изгледа речиси исто како и пред бременоста.

Вистинското изненадување е на следната објава, каде водителката позира во црно бикини.

„Како да не си се породила“, „Ова е невозможно“, „А сега си најжешката водителка“, „Едноставно совршена“, „Каква секси мајка“, беа само некои од коментарите под нејзината објава.

 

фото/Depositphotos

Scroll to Top