Николоски: Се купуваат нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената во Град Скопје и низ општините

Со инвестиција од 4,2 милиони евра за прв пат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената низ општините. Ова е најголема поддршка до сега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиента, истакна вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони кои што се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење на улици во вредност од 1,3 милиони евра или вкупно како што кажав за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светска банка што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената. Ова е како што кажав, најголем инвестициски циклус во општините, ќе продолжиме и во следниот период. Веќе разговараме со Светска банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти кои што ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, секако и други проекти што заеднички ќе ги работиме”, изјави Николоски.

Scroll to Top