Мицкоски по средбата со Макрон: Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка

Премиерот Христијан Мицкоски извести дека имал пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, во Тиват.

„Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме.

Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања.

Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка.

Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред“, кажа Мицкоски.

Scroll to Top