Во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шест лица на возраст од 23 до 30 години, од Скопје, Велес и Куманово. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја.
Во Тетово, на улицата „Илинденска“, полициски службеници го привеле 19-годишниот Е.Б., кај кого при преглед била пронајдена марихуана.
Уште едно лице било лишено од слобода во Битола. Според информациите од полицијата, околу 1 часот по полноќ на улицата „Партизанска“, во близина на спортската сала, кај битолчанецот С.Т. била пронајдена марихуана.
По целосното документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.







