Кралското семејство има нов член, г-ѓа Филипс, сопруга на Питер Филипс.
Питер Филипс, внук на британскиот крал Чарлс и син на принцезата Ана, се ожени овој викенд. Неговата избраничка е Хариет Сперлинг, медицинска сестра, а двојката го кажа своето судбоносно „Да“ на приватна церемонија одржана во црквата „Сите светци“ во Кембл, Глостершир.
Приватната венчавка на двојката, на која присуствуваа и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, следеше по објавувањето на нивната свршувачка во август 2025 година.
Тие ја објавија својата врска во 2024 година
Официјалната свршувачка на Питер Филипс (48) и Хариет Сперлинг (45) беше објавена во август 2025 година, а венчавката во саботата се одржа две години откако двојката јавно го објави почетокот на својата врска во 2024 година.
Според списанието „Hello!“, Филипс и Сперлинг првпат се запознале на спортски настан на кој присуствувале нивните три ќерки од претходни врски.
Наскоро почнале да се појавуваат заедно во јавноста на разни социјални настани. Во јуни, тие беа гости на кралот Чарлс и кралицата Камила. Двојката, исто така, учествуваше во традиционалната поворка со кралски кочии, а минатиот месец присуствуваа на добротворен натпревар по поло што го играше принцот Вилијам.
Хариет Сперлинг – медицинска сестра од NHS и самохрана мајка
Сперлинг беше придружувана до црквата во Глостершир од нејзината ќерка тинејџерка Џорџина. Самата Сперлинг пишуваше онлајн за своите искуства како самохрана мајка. Во март 2024 година, таа напиша колумна за родителството за христијанското списание Woman Alive.
Во нејзината биографија пишува:
„Хариет Сандерс живее во Глостершир, работи како хонорарен писател и специјализирана педијатриска медицинска сестра за NHS. Таа се залага за раниот развој на мозокот кај бебињата и потребата од редовно следење на нивниот напредок.“
Нејзиниот нов сопруг има две деца од претходниот брак со Отумн Филипс – ќерките Савана (15) и Исла (14).
Венчаница од Емилија Викстед и чевли од Џими Чу
Сперлинг во иднина ќе се претставува како г-ѓа Филипс, а за свечениот чин носеше венчаница дизајнирана од Емилија Викстед, обетки од Прагнел, тиара од семејството Прагнел и чевли од Џими Чу. Фустаните на деверушите исто така беа дизајнирани од Емилија Викстед, додека девојките носеа обетки од Аспинал Лондон.







