Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прекина интервјуто со Кристен Велкер и „NBC News“, обвинувајќи ја новинарката дека е „или корумпирана или глупава“.
Интервјуто беше емитувано во емисијата „Meet the Press“, а американскиот претседател се налути од коментарот на новинарката дека претседателот нема докази за обвинувањата дека прелиминарните избори за гувернер на Калифорнија биле наместени, исто како што нема докази дека претседателските избори во 2020 година биле наместени, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој претходно изјави дека се закажуваат и избори за гувернер на Калифорнија. Прелиминарните избори се одржаа на 2 јуни, додека вистинските избори ќе се одржат во ноември. Сите водечки медиуми и политички аналитичари проценуваат дека републиканецот Стив Хилтон „нема реални шанси во ноември“, како и дека фаворит е поранешниот секретар за здравство и социјални услуги на Бајден – Ксавиер Бесера.
WOW — Trump crashes out and cuts his interview with Welker short as she presses him on his lack of evidence for claiming elections are rigged
“You’re either crooked or you’re stupid. Let’s call it quits. Because I’ve had enough. Thank you darling,” he tells her.”
“I traveled… pic.twitter.com/qQaNIDnX4y
— Aaron Rupar (@atrupar) June 7, 2026
„Поминаа пет дена, а тие не се ни блиску до објавување (на резултатите)“, рече Трамп, алудирајќи на бавниот процес на броење гласови во Калифорнија, и додаде: „Дали знаете зошто го прават тоа? Затоа што мамат на изборите“.
Кога новинарката го праша претседателот дали има докази дека трката е „наместена“, Трамп одговори дека „има многу докази“ дека изборните службеници во Калифорнија се „корумпирани“, заедно со Велкер и нејзините колеги новинари, и дека изборниот систем е „како оние во земјите од третиот свет“.
Велкер одговори дека не е „корумпирана“ обидувајќи се да го продолжи разговорот, но американскиот претседател додаде: „Или сте корумпирани или сте глупави. Им играте во раце со оваа глупост. Немате кредибилитет. Знаете дека овие избори се наместени. Вашата мрежа знае дека се наместени“.
Трамп, исто така, рече дека покрај Велкер, „и ABC, CBS и CNN се исто така корумпирани“. Потоа реши одеднаш да го заврши интервјуто: „Ајде да завршиме затоа што ми е доста“, рече тој.
Новинарката подоцна објасни дека таа и Трамп подоцна се согласиле дека „компликациите“ за време на интервјуто биле предизвикани од дождот на кој седеле додека разговарале. Таа додаде дека се согласиле повторно да се сретнат и да го продолжат интервјуто.







