Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладне покрај реката Лепенец во селото Орман, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај реката е забележано тело.
На местото излегле полициски службеници кои извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител биле преземени мерки за расчистување на случајот.
Кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. (70) од Скопје, женско лице.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.






