ЕУ воведува нов пакет санкции против Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го објави 21-от пакет санкции против Русија.

Таа истакна дека Европската Унија се обидува да ги ограничи приходите на Русија од енергетскиот сектор поради кризата на Блискиот Исток и да го „одржи целиот интензитет“ на претходно воведените санкции.

Новиот пакет предвидува одложување на прилагодувањето на горната граница на цената на руската нафта во ЕУ до јануари, со цел да им се даде време на пазарите да се стабилизираат, а во исто време да се одржи притисокот врз Русија.

Исто така, санкциите ќе опфатат уште 30 пловила од таканаречената руска „флота во сенка“, како и пловилаи кои обезбедуваат поддршка на таа флота.

ЕУ ја проширува забраната за финансиски трансакции на уште 31 руска банка, како и на 20 банки, крипто-компании, платформи и трговци со нафта во трети земји.

Покрај тоа, за прв пат се предлага „целосна забрана за трети земји“ за услуги поврзани со крипто-средства, за да „дејствува како силно одвраќање“ за земјите што поседуваат платформи што ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.

Санкциите, исто така, ќе го ограничат извозот на стоки и технологии што ги користи руската војска, како и увозот на рибни производи од Русија и Белорусија.

Scroll to Top