Два случаи на насилство врз сопруги во Берово, едниот ја нападнал со метален предмет

Полицијата поднесе две одделни кривични пријави против жители на Берово поради сомнение за семејно насилство и нанесување телесни повреди на нивните сопруги.

Како што информира МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.Д. (52) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според пријавата, на 1 јуни годинава во семејниот дом во Берово, по расправија, тој физички ја нападнал својата сопруга, при што употребил метален предмет и ѝ нанел телесни повреди.

Во вториот случај, кривична пријава е поднесена и против С.С. (42) од Берово, исто така поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите од полицијата, на истиот ден во семејниот дом во беровско, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

По документирањето на случаите, против двајцата осомничени се поднесени соодветни кривични пријави.

Scroll to Top