(Фотогалерија) Кисела Вода доби модерна спортска сала со капацитет од 1.000 гледачи

Кисела Вода доби нова модерна спортска сала со капацитет од околу 1.000 гледачи. На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во државата.

„Условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект од овој карактер на ниво на цела држава“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека салата ќе биде место каде што младите ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат и ќе се развиваат, изразувајќи надеж дека токму од вакви услови ќе произлезат идни европски и светски спортски ѕвезди.

Според премиерот, проектот е резултат на соработката меѓу Владата, локалната самоуправа и Министерството за спорт, а ваквата поддршка за спортската инфраструктура ќе продолжи и во иднина.

Scroll to Top