Open AI објави дека тајно поднела барање за излегување на берза со потенцијална проценка до 1 билион долари.
Законите за хартии од вредност во САД им дозволуваат на компаниите да поднесуваат нацрт-апликации за IPO на доверлив начин.
Ова значи дека јавноста, конкурентите и медиумите не можат да ги видат нивните детални финансиски извештаи, трговски тајни и проценки на ризикот сè додека не се приближи точниот датум на IPO.
OpenAI одлучи да ги објави информациите во секој случај, бидејќи очекува дека тие ќе протечат во медиумите. Менаџментот забележа дека точниот термин на IPO сè уште не е утврден, а Ројтерс објави дека тоа би можело да се случи во септември.
Open AI, исто така, објави долга филозофска изјава, така да се каже, за својата мисија, својата визија за развој на вештачка општа интелигенција (AGI) и своето верување дека технологијата мора да му служи на целото човештво.
Компанијата собра 122 милијарди долари во најголемата рунда на финансирање во историјата на Силиконската долина кон крајот на март, но проценките покажуваат дека планира да потроши иста сума само за истражувачка компјутерска моќ до 2028 година, објавува Tech Crunch.
Проекциите сугерираат дека компанијата ќе изгуби 85 милијарди долари таа година и покрај удвојувањето на продажбата, што значи дека Open AI сега бара од јавните инвеститори да купат акции за да поддржат бизнис кој нема да биде профитабилен најмалку четири години.






