(Видео) Џеј Ло го разгоре интернетот со изјавата: „Мојата најголема љубов е пред мене“

Латино дивата Џенифер Лопез во последните денови се појавува повеќе од кога било во медиумите, а за сето ова е виновен нејзиниот последен филм „Office Romance“.

Токму ова ги поттикна гласините за нејзината врска со колегата, Брет Голдштајн, и иако Џеј Ло сè негираше, некои сè уште не се сигурни дека нема ништо во тоа.

Нејзиното последно појавување во емисијата „Watch What Happens Live with Andy Cohen“ привлече големо внимание, бидејќи Џенифер повторно зборуваше за љубовта. На прашањето на водителот дали чувствува дека нејзината следна голема љубов е веднаш зад аголот, таа одговори:

„Мислам дека да, да. Мојата најголема љубов е 100 проценти пред мене. Нема сомнение за тоа“, рече Џеј Ло.

Латино дивата не штедеше комплименти за себе, а откри и што смета за најромантична работа кај себе.

„Сè. Јас сум многу романтична“, кратко рече пејачката и актерка.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во 2022 година, а разводот следеше во 2025 година. После тоа, Џеј Ло беше поврзана со неколку мажи блиски до неа, но официјално не беше во врска со никого.

Scroll to Top