Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот М.К. од село Мала Речица, тетовско.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







