Од компанијата „Мета“ соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини.
Од „Мета“ потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално.







