Трамп: Го ликвидиравме водачот на една од најопасните криминални организации во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските сили го ликвидирале Хектор Рустенфорд Гереро Флорес, познат како Нино Гереро, водач на венецуелската криминална организација Трен де Аргуа.

Трамп наведе дека операцијата била изведена по негова наредба и во координација со властите во Венецуела, но не откри каде точно се случил нападот.

Администрацијата на Трамп претходно воведе санкции против Гереро и други лидери на групата поради наводна вмешаност во трговија со дрога, криумчарење луѓе и перење пари. Американскиот Стејт департмент ја прогласи Трен де Арагуа за странска терористичка организација.

Трамп претходно тврдеше и дека групата дејствувала во координација со владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, обвинување што Каракас го отфрла.

Scroll to Top