Арагчи: Иран е победник во војната, договорот со САД е блиску

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Иран и САД се блиску до договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормутскиот Теснец.

Според него, договорот предвидува укинување на американската блокада на иранскиот поморски сообраќај, по што би следеле 60 дена преговори за иранската нуклеарна програма. Американски претставници наведуваат дека економските олеснувања и евентуалното укинување на санкциите би се спроведувале постепено и само по потврда дека Иран ги исполнува преземените обврски.

Арагчи изрази оптимизам дека договорот може да биде потпишан во наредните денови, оценувајќи дека Иран е „победник во војната“. Тој исто така изјави дека меморандумот предвидува и прекин на конфликтот меѓу Израел и Хезболах во Либан.

 

Scroll to Top