Судoт во Минхен: Google е одговорен за неточните одговори на вештачката интелигенција

Судoт во Минхен пресуди дека Google може директно да одговара за неточните информации што ги генерира неговата функција „AI Overview“.

Спорот го покренаа две издавачки куќи, откако алатката по грешка ги поврзала со сомнителни деловни практики и измами. Судот оцени дека AI-резимеата не се обични резултати од пребарување, туку претставуваат нова содржина создадена од самиот Google.

Судиите заклучија дека вештачката интелигенција не само што ги сумира изворите, туку создава сопствени тврдења, па затоа компанијата може да сноси одговорност за нивната точност.

Судот му наложи на Google да престане да ги шири спорните тврдења и да покрие 80 проценти од судските трошоци. Од компанијата најавија жалба, нагласувајќи дека континуирано инвестираат во подобрување на точноста на AI-одговорите.

Scroll to Top