ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не се последното, туку првото во низата барања што Бугарија сака да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот би значело нови условувања, притисоци и предизвици поврзани со македонскиот идентитет.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат СДСМ и ДУИ дека со своите политики ја довеле државата во подредена позиција и создале простор за дополнителни уцени кон земјата.

Во соопштението се упатени критики и кон Венко Филипче, за кого партијата тврди дека ги поддржува барањата што доаѓаат од Софија.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија нема да прифаќа нови условувања и нема да дозволи, како што наведуваат, националните интереси да бидат жртвувани за политички цели.

Scroll to Top