Три лица загинаа, а едно се води како исчезнато по судир на катамаран и едрилица во морето меѓу островите Шолта и Брач, во близина на Сплит.
Несреќата се случила денес околу 11:38 часот во Сплитските врати, кога дошло до директен судир меѓу патнички катамаран и едрилица, која потоа потонала.
На катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот и сите се неповредени. На едрилицата имало осум лица. Дел од нив биле извлечени од морето и спасени, додека за едно лице сè уште се трага.
Во спасувачката акција се вклучени поморската полиција, крајбрежната стража, итната медицинска помош и други служби, а од воздух помага и хеликоптер. Акцијата ја координира Националната централа за спасување на море во Риека.
Катамаранот „Krilo Eclipse“ пловел на редовна линија кон Брач и се работи за едно од поголемите и побрзи патнички пловила на јадранската обала.
Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата е во тек.







