Кејт Мидлтон го привлече вниманието кон себе за време на церемонијата „Trooping the Colour“, церемонија што ја изведуваат британски воени полкови.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, искористи уште една можност да ја зацврсти својата позиција како најдобро облечена жена во светот, овој пат на традиционалниот настан „Trooping the Colour“, кој воедно го одбележува и роденденот на кралот.
Дополнително, Кејт повторно ѝ оддаде почит на принцезата Дијана со својот посебен моден избор.
Таа се појави на церемонијата во светло син фустан-палто со бели украси, дизајниран од Кетрин Вокер, а сè комплетираше со шапка во истата нијанса и бели чевли.
Целото модно издание многумина ги потсети на изборите на принцезата Дијана во текот на 1980-тите, а според „Мари Клер“, Лејди Ди носела речиси иста облека во 1987 година, дури и со потпис на истиот дизајнер.
Ова не е прв пат идната кралица Кејт да ѝ оддаде почит на принцезата Дијана, без разлика дали носејќи вреден накит или носејќи нешто што потсетува на трагично починатата и сакана принцеза за многумина.







