„Кога се чита СДС и неговите првенци предводени од Венко Филипче, човек помислува дека СДС не е оттука, дека до пред две години не биле власт. Како да се нова партија која до сега не учествувала во власта. Наспроти ова реалноста е следна, СДС до пред две години ја предводеа македонската влада и тоа што го оставија зад себе е пустош во сите области, вклучително и во земјоделието“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Земјоделците, се едно од оние кои најсурово на свој грб ја осетија раката од владеењето на СДС со неисплатени плати и субвенции, ниски откупни цени, несигурен пласман и земјоделски производи кои завршуваа на буниште.
Владата на СДС остави во наследство неисплатени субвенции за земјоделците за цели четири години, почнувајќи од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Тоа е еден цел мандат каде што СДС и неговите министри во земјоделие, меѓу кои и Љупчо Николовски, кои за земјоделците не направиле ништо, а парите за исплата никаде ги нема.
И кога сме и кај сточарите и млекото, за што СДС зборува и последното соопштение, ги потсетуваме дека, како и кај многуте сектори, така и тука за 17 месеци во нивниот период на власт немаа исплатено субвенции за предадено млеко.
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт исплатени се 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство, кои СДС со месеци ги остави без приходи.
Во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплатени се близу 4 милијарди денари, додека од самото преземање на власта од ВМРО-ДПМНЕ до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски во земјоделството.
Неспособноста на СДС не се гледа само во неисплатените субвенции и плати, туку и во неискористените средства од кредити, така што државата токму поради нивната неспособност исплати над 2 милиони евра како провизија за неискористени средства по основ на одобрен кредит од KFW.
Тоа што му останува на СДС сега да прави е да гледа и да учи како се работи во интерес на државата и граѓаните, вклучително и земјоделците, особено во млекопроизводството, затоа што работата на ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат и статистичките податоци.
За прв пат после десет години во 2025-та година има зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година, зголемување има и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.
Зголемување во однос на 2024 година има и во делот на производството на јајца, во произведените количини на свинско месо, количини кои целосно ги покриваат потребите на домашниот пазар, како и во производството на пченица, при што лани, за прв пат после многу години, се откупија над 300.000 тони пченица.
За седум годи власт СДС не направи ништо за македонското земјоделство, остави само разочарани, револтирани и незадоволни земјоделци.
Додека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, македонските земјоделци имаат партнер со кој заеднички ги решаваат сите проблеми и предизвици и заеднички градат стратегии за развој на земјоделството“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.







