Доналд Трамп го организираше најголемиот боречки спектакл во Белата куќа, UFC 250 Freedom, а целото внимание го украде совршено стилизираната Меланија Трамп.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, секогаш се смета за најдобро облечена жена на секој настан на кој се појавува, па затоа не се очекуваше ништо помалку на овој голем спектакл во Белата куќа.
Како и секогаш, Меланија беше на висина на модната задача. Тесна црна тоалета што малку се шири од половината, во комбинација со црни салонки и кожна јакна, беше вистинскиот избор. Ако на тоа се додаде фактот дека Првата дама овој пат имаше малку поизразено деколте, комплиментите се бескрајни.
Коментарите набрзо почнаа да се нижат на социјалните мрежи за тоа како Меланија повторно импресионираше со својата модна комбинација, но ниту нејзиниот израз на лицето не остана незабележан…
Првата дама е позната по својот специфичен израз на лицето, и дури и кога е среќна и задоволна, таа сепак изгледа исто како кога сè не оди според планот.
„Меланија воодушевена, како и обично“, „Јасно е дека би сакала да биде некаде на друго место“, „Никогаш не го симнува овој израз“, „Барем е совршено облечена“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.







