Три малолетни деца – 15-годишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 12 и 9 години – биле пронајдени во безсознание на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.
Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот. Првичните информации укажуваат дека децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак.
Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош.







