Дваесетгодишниот С.С. починал во Медицинскиот центар во Струга, откако преходно бил изваден од водите на Охридското езеро на „Машката плажа“.
Според информациите од полицијата, тој бил со педалинка во езерото.
„Бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош,а во 16:05 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопшти МВР.
Извршен е вид од увидна екипа на ОВР Струга.







