Сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно време

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според прогнозата, од утре до почетокот на следната седмица претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви со променлива облачност.

Поради зголемената нестабилност во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.

Scroll to Top