Најдобрата вечерна рутина за меко и хидрирано лице

Вечерната рутина за нега на кожата често се занемарува, но може да има најголемо влијание врз изгледот на вашето лице. Еве како.

Додека спиете, кожата на лицето се обновува, па затоа е важно да ја одржувате чиста, хидрирана и заштитена. Поради оваа причина, мора да обрнете внимание на негата на лицето, а подолу видете ги чекорите што мора да ги преземете пред спиење.

Отстранување на шминка – задолжителен прв чекор

Отстранувањето на шминката е првиот чекор што никогаш не треба да се прескокнува. Остатоците од пудра, маскара и други козметички производи можат да ги затнат порите и да ја спречат кожата да „дише“ во текот на ноќта. Ова често води до појава на мозолчиња, црнки, црвенило и нерамномерен тен.

Најдобро е да користите благo масло за чистење или мицеларна вода, а потоа да го измиете лицето со гел за чистење.

Чистење на лице – повеќе од само миење

Дури и ако не носите шминка, вашето лице е изложено на загадување, пот и бактерии во текот на денот. Затоа двојното чистење (масло + гел) е одличен начин темелно да ја подготвите кожата за ноќна регенерација.

Хидратација

Не треба да спиете без хидратантна крема. Во текот на ноќта, кожата ја губи влажноста, па затоа ѝ е потребен крем што ќе ја врати и ќе помогне во одржувањето на еластичноста.

Серуми – мала доза што прави разлика

Ноќта е идеално време за активни состојки како што се хијалуронска киселина, ниацинамид или ретинол. Тие делуваат додека спиете и помагаат во регенерација, намалување на брчките и подобрување на текстурата на кожата.

 

фото/depositphotos

Scroll to Top